-
Kaко започна се...
Не многу одамна, некаде на југот од Балканот, во старата скопска меана ДУКАТ, седеа тројцата пријатели Петар, Калин и Бобан. Тројцата големи гурмани, водеа прав македонски деловен состанок пред богатата софра на која имаше буквално се што може да си замисли едно гладно око.
Со разни меса на скара, мезиња, сирења, салати, ракии и вино се гостеа нашите пријатели, нималку свесни дека токму највкусните јадења на масата ќе бидат повод за нивната бучна полемика.
Обземени од разните ајвари, лутеница, пинџур, везени, цепкани, печени и секакви други видови пиперка, тројцата со мерак макаа од даската, кога одеднаш, сосем неочекувано, изјавата на Петар ја разбрануваа мирната и домаќинска атмосфера во меаната: "Добар е ајваров, жими се. Само мајка ми прави подобар!"
Дали тој тоа го кажа несвесно или беше поттикнат од некое луто пиперче, не може да знаеме, но коцката веќе беше фрлена! Следен веднаш се јави Бобан кој со полна уста тврдеше дека токму неговата мајка додавала специјален зачин во ајварот и дека токму нејзиниот бил највкусен на светот. За да не остане покус, Калин ги убедуваше своите пријатели дека тајната за успехот на еден ајвар, не во зачинот туку, во љубовта која токму неговата мајка го внесува во приготвувањето.
Целата приказна за како е создаден брендот
можете да ја прочитате на овде.
-
Стајлинг
е автентична и оригинална македонска урбана домаќинка која и покрај денешниот начин на динамично живеење и работење, наоѓа време да посвети на подготвување на вкусна домашна храна.
Изгледот и инспирацијата за
:
Шапка – Сите наши мајки го чуваат Ајварот завиткан во весник (меѓутоа со сигурност зошто тоа го прават не се знае). На тој начин ги редат теглите една до друга во кутии и се подготвуваат за зимскиот период. Боите и дезенот на шапката на
се токму инспирирани токму од тој момент.
Здолниште – Одбрана е црната како боја, бидејќи таа најдобро се вклопува во целиот контраст на бои и најдобро ги истакнува облините на
теглата. Посебно место на етикетата, покрај задолжителниот брендинг и опис на производот (логотип), му се дава на составот, односно состојките на производот. Тоа е најмногу поради специфичноста и автентичноста на регионите од каде потекнуваат истите.
Ѓердан – За секоја дама многу важен детал на облеката е накитот. Автентично ѓердан во облик на пиперче – сорта „Капија“, симбол на Македонија, на кое може да се прочита некој детал повеќе за приказната и концептот за
.
-
Креативен тим
Улоги според времето на појавување:- Иницијатива и главен извршен продуцент
– ТРГОПРОДУКТ д.о.о (главен виновник за уникатниот вкус на
) - Развој на бренд концепт и стратегија
– МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг - Насоки за развој на визуелен идентитет (пакување)
- МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг (надворешен соработник – Јелкица Поповска) - Финален креативен изглед
- PeterGregsonStudio (Србија) - Адаптација на елементи (англиска верзија)
- Никола Арсески - Фотографија и монтажа – 1цм
(Мартин Спасовски и Гоце Богдановски) - Веб страна дизајн
– Синапс Груп - Креативен текст
- ПР текст
– Вера Богдановска - Текст шминка
– Димитар Банов - Јазичен уредник
– Магдалена Симионска - Спроведување на Маркетинг и Продажна стратегија
- МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ - Голема благодарност до:
- Ресторан „Дукат“
- КОМУНА А.Д
- Графосервис - Струмица
- ФРЕНКИ д.о.о Струмица
- Монико - Скопје
- Полијестердеј - Скопје
- и сите критично насторени пријатели (чиј вкус не беше лесно да се задоволи)
- Иницијатива и главен извршен продуцент












