Каша од амарант и МАМА’S Ванила крем
Состојки:
- 1 шоља амарант, исплакнат
- 1 шоља растително млеко
- 1 к.л. ванила екстракт
- 1/2 к.л. цимет
- 3 лажички крем од ванила
Подготовка:
Исплакнете го амарантот и ставете го во тенџерче на оган.Потоа додадете половина од млекото и варете додека да зоврие. Штом зоврие намалете го огнот и додадете го остатокот од млекото, ванилата и циметот и варете на тивко со промешување додека да ја упие течноста. Пред крај додајте крем од ванила и промешајте. Послужете со свежо овошје по желба и крем од ванила.