Состојки:

  • 1 шолја брашно
  • 2 големи лажици шеќер
  • 2 мали лажички прашок за пециво
  • ½ мала лажичка сол
  • 1 шолја млеко
  • 1 големо јајце
  • 2 големи лажици растопен путер или масло за јадење

 

Подготовка:

Во длабок сад пресејте го брашното со сито и додајте ги шеќерот, солта и пецивото. Промешајте. Во друг сад изматете го јајцето, но не премногу. Додајте ги млекото и растопениот путер и промешајте. Претурете ја смесата со течни состојки во садот со суви состојки. Нежно мешајте за да се соединат, но не матете. Не се загрижувајте ако во смесата има мали грутчиња. Загрејте тавче на средна температура и премачкајте го со малку масло за јадење или путер. Со помош на кутлача ставете од густата смеса во тавчето. Налевајте во едно место и смесата ќе се распореди така што ќе заземе кружна форма (со дијаметар околу 10cm). Печете ги палачинките додека не добијат златно-кафеава боја (околу 2 и пол минути). Потоа превртете ги на другата страна. Се добиваат 10-15 палачинки, во зависност од големината. Палачинките се редат по неколку една над друга и се прелеваат со мед или јаворов сируп, и се премачкуваат со Мамас ванила крем, се додава банана или друго овошје по избор.