Чиа Пудинг
Состојки:
- 125 ml (1/2 cup) млеко од бадеми (или млеко по желба)
- 2 лажици чиа семе
По желба:
- 1/2 лажица засладувач (мед, јаворов сируп, агаве…)
- 1/4 лажичка ванила
- свежо овошје
- џем од малина
Подготовка:
Во мал сад се додаваат сите состојки и се промешува . Оставете го садот со чиата 15тина минути потоа промешајте уште еднаш и оставете го садот во ладилник најмалку 2 часа или од вечерта претходно. Пред сервирање промешајте уште еднаш, додадете топинзи по желба, овошје. За подобар вкус препорачуваме две големи лажици Мамас какао крем.