Хумус со малиџано
Состојки:
- 1 конзерва наут
- 100г таан
- 2-3 лажици лимонов сок
- малку сол
- 2 лажици маслиново масло
- 1-2 лажици мраз ладна вода
- 1 чешне лук
- 1-2 лажици MAMA'S малиџано
Инструкции:
Исолакнете и исцедете го наутот и сварете го со 1/2 лажичка сода бикарбона околу 10 мин или додека гледате дека се одвојуваат лушпите. Ова е екстра чекор, но го омекнува наутот и го прави хумусот покремаст. Додека се вари наутот изблендирајте го лимоновиот сок со лукот. Потоа додадете го таанот и блендирајте додека не добиете кремаста смеса. Кога ќе се свари наутот, тргнете ги лушпите што се одвоиле, исплакнете го убаво наутот да се олади и потоа ставете го да се блендира заедно со смесата со таан. При крај на блендирањето додадете го маслото, малиџаното и сол по вкус.