Потребни состојки:

  • 1 тегла Мамас подварок
  • 50 гр. ориз
  • 200 мл. вода
  • 1/2 страк праз

Начин на подготовка:

Празот ситно исецкајте го и ставете го да се пржи во малку масло. По 2-3 минути пржење додадете го оризот и пржете уште 2-3 минути. Зачинете со малку мешан сув зачин и потоа додадете го подварокот од тегла. Додадете ја и водата и ставете го да се пече во загреана рерна на 250 степени 15-20 минути. Откако ќе се свари оризот, подотворете ја вратичката од рерната и почекајте 5 минути за оризот да ја впие целата вода и убаво да набабри. На здравје и уживајте!