Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 3 пиперки
  • 1 тегла Мамас салса
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче кумин
  • 1,5 лажиче црвен пипер
  • 4 јајца
  • ситно сечкан магдонос
  • листови босилек

Подготовка:

Исечкајте ги ситно кромидот и пиперките. Запржете го кратко кромидот и додадете ги пиперките. Пржете додека не омекнат. Додадете го лукот ситно исечкан, пропржете и потоа додадете ги зачините, па додадете ги доматите. Откако ќе подиспари водата, посолуваме, мешаме и ја намалуваме температурата на средно ниска, и потоа ги додаваме јајцата. Ја поклопуваме тавата со капак и оставаме да се зготват јајцата. Во зависност од тоа дали сакате да е варена или не жолчката варијација од 10 минути на готвење. Кога е готово јадењето, се служи топло, одозгора посипано со магдонос и листови свеж босилек.