Во име на правното лице МАМАС ФУД (понатаму “контролор”) се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за корисниците и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На корисниците им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од маилинг листата. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности.
Сите вработени во МАМАС ФУД кои имаат пристап до личните податоци се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.
Се обврзуваме дека собраните податоци нема да ги користиме за други цели ниту ќе ги проследуваме до трети лица. МАМАС ФУД не ги пренесува и проследува собраните лични податоци на меѓународни организации или трети земји.
Податоците ги чуваме и обработуваме врз принципот на законитост, правичност и транспарентност за конкретни, јасни и легитимни цели. Дополнително, собираме единствено минимален обем на податоци кои се потребни за целта на обработката.
Личните податоци ги обработуваме на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички и организациски мерки.
Корисникот има право во секој момент да поднесе приговор до Контролорот на личните податоци и да побара корекција на неточни податоци, ограничување на обработката на лични податоци, како и бришење на лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци. Корисникот може и во секој момент да изјави дека ја повлекува согласноста неговите лични податоци да бидат обработувани од страна на МАМАС ФУД.
Покрај погоренаведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите посетители ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да го подобриме изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно и сигурно користење.
Borganic.mk користи тнр. „cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. Cookie е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Cookies не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на тнр. сookies е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време.
Податоците на корисниците придобиени од формуларот не се чуваат од страна на МАМАС ФУД,
Доколку сте регистрирани на нашата интернет страна или сте пополниле онлајн формулар за добивање услуги од МАМАС ФУД, врз основа на писмено барање имате право:
– Да бидете информирани кои категории лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на Вашите лични податоци,
– Да пристапите до Вашите лични податоци,
– Да ги дополните, измените, избришете или да изберете запирање на нивната понатамошна обработка,
– Да ги дознаете корисниците или категориите на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени Вашите лични податоци,
– Да дознаете други информации за Вашите лични податоци согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и другите важечки прописи од областа на заштита на личните податоци.
Корисникот има право во секој момент да поднесе барање до Агенцијата за заштита на лични податоци доколку смета дека обработката на неговите лични податоци ги прекршува одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса:
contact@mamasfood.mk
Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.
СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ
Користењето на нашите сервиси подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. mamasfood.mk се обврзува дека ќе се придржува до се претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа страница и праќање на известување по емаил до сите регистрирани корисници.
Доколку имате било какви прашања, предлози или барања поврзани со собирањето и обработката на Вашите лични податоци, во секој момент може да го контактирате и Офицерот за заштита на лични податоци.
Собраните лични податоци се обработени во согласност со одредбите од позитивните прописи од областа на заштита на личните податоци.